Министерката за труд во Крушево, успешна соработка со ЦСР, Дневниот центар и градинката
Во посета на Крушево е министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која заедно со градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ги посетија Центарот за социјална работа во Крушево, Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби и детската градинка.
„Преку проектот за општо корисна работа општина Крушево има ангажирано 13 лица кои помагаат на 60 граѓани на Крушево како што се стари и изнемоштени лица, лица со посебни потреби и други. Дополнително, Крушево згрижвуа најмногу деца без родители, а преку посетата заедно со раководителите ја запознавме министерката одблиску со состојбите, тековните активности и дополнителни потреби на дневниот центар и градинката.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.
Христоски потенцира дека соработката со ЦСР, Дневниот центар и градинката е одлична и во иднина ќе се реализираат и неколку инфраструктурни проекти.
Министерката Тренчевска изрази поддршка за работата на институциите и оствари директна комуникација со вработените во центарот за социјални работи.