Утре официјално пуштање во употреба на училиштето во Борино
Утре, 29.12.2021, во с. Борино ќе се изврши технички прием и пуштање во употреба на подрачното училиште ООУ „Никола Карев“.
Училиштето се реновираше во рамки на проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), компонента 3-обезбедување стимул на училишта /реновирање.
Реновирањето ги опфати следните работи: ѕидарски, бетонски и армирано бетонски, армирачки, кровопокривачки, изолатерски, столарски, лимарски работи, подови, ќерамички, водовод и канализација други.