Резервоарот во Пресил во напредна фаза на изградба
Изградбата на резервоар за вода во с. Пресил е во напредна фаза. Граѓаните од ова населено место ќе добијат нов резервоар со поголем капацитет соодветен за нивните потреби.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на увид во работите утврди дека проектот тече непречено.
„Ново си е ново. Стариот резервоар беше мал и со недоволен капацитет. Благодарение на овој проект ставаме крај на проблемите со вода“, изјави Христоски по увидот на терен.
Проектот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој, а договорот со изведувачот чини 2 122 272 денари.
Изградбата на резервоар за вода е еден од неколкуте тековни проекти во општина Крушево како што се реконструкција на локален пат и изградба на паркинг во град Крушево, изградба на објект на полетувалиштето за параглајдинг и во завршна фаза е изградбата на резрвоар за вода во с. Јакреново.