Се реконструира ул. Питу Гули
Во тек е реконструкција на дел од улица Питу Гули која ќе се заокружи со изградба на паркинг. Пред поставувањето на асвалтот ЈП „Комуна“ работи на промена на водоводна цевка и реконструкција на приклучоци за вода на домаќинства.
Реконструкцијата се имплементира во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со општина Крушево.
Овој пат беше видно оштетен и беше еден од приоритетите на општина Крушево откако се реконструираа делови од улиците Нико Доага и Партизанска.