Известување за подмирување на данок на имот

Почитувани,

Одделението за администрирање приходи започна со подготовка на известувања и опомени до граѓаните за подмирување на обврските за данок на имот. Во наредните денови истите ќе бидат доставени до граѓаните и апелираме на подмирување на сите обврски навремено и целосно.

Ги известуваме граѓаните дека доколку не се подмират обврските општината ќе пристапи кон присилна наплата. Сите заостанати долгови ќе бидат наплатени.

Плаќањето на давачките кон општината не само што е обврска туку претставува еден процес кој се враќа повторно кон граѓаните. Плаќањето на даноците значи дека општина Крушево ќе има средства за активности и проекти кои се од општествен интерес. Уплатените пари од страна на граѓаните повторно се враќаат назад и овозможуваат развој на општина Крушево.

Со почит,
Општина Крушево.