Продолжува соработката со Здружение на пензионери Крушево
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со раководството на Здружение на пензионери Крушево. Средбата е оценета како „зелено светло“ за продолжување на соработка.
„ Меѓу првите средби по 17-ти октомври е со раководството на Здружението на пензионери Крушево. Дадовме одредени ветувања, а оваа средба е зелено светло за соработката во наредните 4 години. Заедно со Здружението на пензионери работевме на подобрување и олеснување на животот на стари и изнемоштени лица, ги поддржавме активностите на здружението како што беа регионалните спортски игри, а истото е постојано вклучено во туристичка промоција на Крушево. Продолжуваме заедно!“, изјави градоначалникот Христоски по средбата.