Продолжува изградбата на резервоар за вода во с. Пресил
Продолжува изградбата на резервоар за вода во с. Пресил. Овој проект ќе ги реши проблемите со водоснабдување во ова населено место, а истото претставува одговор на долгогодишни барања и потреби на жителите на Пресил.
Договорот за овој проект се потпиша на 29-ти јули и беше извршен вовед во работа со што официјално започна реализацијата на проектот. Истиот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој, а договорот со изведувачот чини 2 122 272 денари.
По потпишувањето на договорот градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски потенцира дека локалната самоуправа се сосредоточува на основните проблеми на граѓаните при реализација на активностите.
„Започнуваме со реализација на уште едно ветување и решавање на еден горлив проблем. Многу често сограѓаните од Пресил се жалат на недостаток на вода и токму со изградба на резервоар ќе обезбедиме редовно водоснабдување. Работиме насекаде и така и ќе продолжиме. Нашиот фокус е адресирање на најголемите проблеми на граѓаните за да го подигнеме секојдневниот живот на едно повисоко ниво“, рече Христоски.