Градоначалникот потпиша Декларација за лицата со посебни потреби
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски потпиша Декларација за лицата со посебни потреби. Декларацијата претставува обврзување на градоначалникот да го слуша гласот на лицата со посебни потреби и да одговара на нивните барања.
„… Ветувам дека ќе бидам партнер на сите граѓани на мојата Општина и дека ќе креирам достоинствени услови за живот и на лицата со попреченост и нивните семејства и дека претставници од нив и нивните семејства ќе бидат дел од телата кои ќе ги креираат политиките и приоритетните реализации на објекти и сервиси на ниво на нашата Општина!“, се вели во декларацијата.