Да го продолжиме делото на Тоше, поставена кутија за донации во спомен куќата „Тодор Проески“
Во спомен куќата „Тодор Проески“ е поставена кутија за донации со цел да се продолжи хуманитарното дело на пејачот Тоше Проески. Кутијата беше поставена на 16-ти октомври, а парични средства ќе можат да се донираат се до денот на раѓање на Тоше – 25-ти јануари 2022-ра година.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку социјалните мрежи извести и дека во деновите што следат во Нова Градишка, Хрватска, ќе биде откриен споменик на Тоше Проески кој ќе претставува симбол и потсетување на неговиот живот.