Градоначалникот на откривање на споменик на Тоше во Нова Градишка
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски од 22-ри до 24-ти октомври ќе престојува во Нова Градишка, Хрватска и ќе биде дел од свеченото откривање на споменик на Тоше Проески. На откривањето ќе присуствува и градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ.
„Она што не поврзува со Нова Градишка е трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови фанови и сега и пред неговата смрт. Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа е добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени. Слава му!“, изјави градоначалникот Томе Христоски.