Назначен службеник за млади
Општина Крушево назначи службеник за млади, односно се работи за лицето за комуникација со млади назначено уште во декември 2017-та година.
Оваа обврска доаѓа како резултат на Законот за младинско учество, а службеникот за млади ќе комуницира со младите и ќе ги извршува следните работни обврски:
1. развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики,
2. поддршка на работата на органот на државната управа, локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност,
3. одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите
4. следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на органот на државната управа, општината, консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите
5. обезбедување информации и информирање на младите
6. водење на база на податоци за разни младински активности, активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт,
7. редовна комуникација со Агенција за млади и спорт,
8. да биде контакт за сите младински прашања на органот на државната управа, локалната самоуправа кон младите и јавноста
9. службеникот за млади е одговорен за работата на Канцеларијата за млади
Назначениот службеник за млади во општина Крушево е Сотир Габелоски.