Нова опрема и теренско возило за ТППЕ Крушево
Градоначалникот Томе Христоски предаде нова опрема за пожарникарите од ТППЕ Крушево и ново теренско возило за потребите на службите.
Опремата за вработените се состои од целосна опрема за летни и зимски временски услови, додека теренското возило е обезбедено преку Агенцијата за управување со одземен имот.
„Ова не е прв пат да обезбедуваме опрема за вработените во ТППЕ Крушево, но заради нивна и наша заштита повторно набавивме опрема и за зима и за лето за да можат непречено и безбедно да ја извршуваат работата. Исто така, возилото кое го обезбедивме преку Агенцијата за управување со одземен имот е целосно оспособено и денес официјално го предаваме на противпожарната служба.“, изјави градоначалникот Христоски.
Командирот на ТППЕ Крушево Шули Ангелески се заблагодари на опремувањето и грижата за сите вработени во службата.