Се одржа втората форумска сесија – Зајакнување на општинските совети
На 06.08.2020г. во ООУ „Никола Карев“ се одржа втората форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
На сесијата беа презентирани предлог – концепти за идни проекти за финансирање и беше претставен образецот за поднесување на предлог-проект.
Форумска сесија се одржa со почитување со сите мерки за спречување од ширење на коронавирусот.
Форумските работилниц се дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.