За прв пат пливачки маратон на Крушевско Езеро
На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање. Маратонот во должина од 2,5 км е во организација на пливачкиот клуб Вардар 2018 со поддршка на општина Крушево.
Маратонот го носи името на Тоше Проески.
???Пливачки Клуб ВАРДАР 2018 на ден 09.08.2020 год, го организира Првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” кој што воедно е и ПРВ маратон и натпревар организиран во Крушево‼️???
Маратонот ќе се одржи на Крушевското езеро, трката ќе биде кружна која ќе биде во должина од 2,5 км. ?♀️?♂️?
Се надеваме на успешен маратон и маратон кој што ќе стане традиција во нашата земја!!? ? ?
Името на овој маратон го одбравме во чест на нашата легенда Тоше Проески❤️
#PKVARDAR2018. , стои во објавата на пливачкиот клуб Вардар 2018.
„Ова е нова атракција во Крушево, нова причина многу туристи да дојдат тука. Крушевското Езеро е особено популарно откако се асфалтира патот до истото и секојдневното одржување на патеките за трчање и возење велосипед носи многу луѓе тука. Ги поканувам сите да не посетат за Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република и воедно да го проследат овој нов тип на настан во Крушево во недела“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.