Се гради резервоарот за вода во Белушино, се прават пристапни патеки до местото на изградба
Денес започнаа подготвителните работи за изградба на резервоар за вода во с. Белушино, општина Крушево.
Компанијата која по спроведена јавна набавка беше избрана како изведувач започна со правење на пристапен пат и веднаш по завршувањето на оваа активност се очекува почеток на изградба на резервоарот.
„Резервоар во Белушино е ветуван со децении. Кога отидовме во населеното место и им кажавме на граѓаните дека е во тек оглас за јавна набавка не веруваа и веројатно со право затоа што досега милион пати биле излажани. Исто така, при анкетите кои ги спроведовме на терен тамошните жители единствено што побараа е токму резервоарот. Денес резервоарот за вода е реалност и граѓаните во тоа се уверени.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Изградбата на резервоарот за вода ќе чини 2 601 900 денари, а имплементацијата е во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски