Во понеделник крводарителска акција – Караван на хуманоста
Во понеделник, 27.04.2020, во пензионерскиот дом во Крушево ќе се одржи крводарителска акција која ќе започна од 9, а ќе трае до 14 часот.
Ова е дел од крводарителските акции кои се одржуваат во помалите општини, а ОО Црвен Крст Крушево бара од сите заинтересирани да се пријават за дарување крв за да се организира распоред на сите дарувачи.
Акцијата се води под мотото: „Караван на хуманоста“.
„ Ковид-19 инфекција не може да се добие со крводарување !
Доброволното дарување на крв продолжува да се спроведува, бидејќи крвта и крвните продукти се постојана потреба за пациентите.
Крводарувањето е континуирано и безбедно, но мора да се земе во предвид дека се очекува намален број на крводарители, поради влијанието на јавно здравствените мерки кои се преземаат во врска со пандемијата. Сите кои се здрави, можат и сакаат да даруваат крв не треба да го одложат крводарувањето бидејќи се воведени дополнителни мерки за безбедност на дарителите и безбедна крв за пациентите. Медицинскиот персонал е дополнително обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки. Воведен е систем на обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите.
Крводарителската акција ќе се одржи во понеделник, 27.04.2020 година, од 9 до 14 часот во Пензонерски дом Крушево. Ве молиме, сите заинтересирани крводарители да се јават на 071/379-920 или да пратат порака на фб профилот на Клуб на млади на ООЦК Крушево со цел да ги распоредиме во соодветен временски период.
ДАРИТЕЛИ НА КРВ, ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ДАРУВАТЕ КРВ ДОКОЛКУ:
-во последните 28 дена сте патувале надвор од државата
-имате симптоми на настинка, кашлате и кивате
-имате покачена телесна температура
-сте биле во контакт со болен чии симптоми личат на инфекција со корона вирус.“, стои во објавата на Црвен крст Крушево.
Подетални информации за акцијата која се спроведува во повеќе општини на линкот:
https://www.facebook.com/bloodbankTENK/