Се работи на патот до Пуста Река, до крајот на годината 3 капитални проекти од патната инфраструктура
ЈКП „Комуна“ продолжува со чистење и проширување на патот кон населеното место Пуста Река по што ќе следи асфалтирање, а овој проект е еден од трите големи капитални проекти од патната инфраструктура кои ќе се реализираат годинава.
„Од денес „Комуна“ е повторно на терен и работи на патот од Крушево до Пуста Река. Обезбедивме средства преку Јавното претпријатие за државни патишта и овој проект целосно ќе го имплементира претпријатието затоа што патот е навистина лош, а граѓаните често го користат истиот. И покрај ситуацијата со коронавирусот мораме да продолжиме со работа, секако почитувајќи ги сите мерки и препораки.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
ЈП „Комуна“ се очекува на овој дел да работи во наредните 10 дена кога теренот ќе биде подготвен за асфалтирање. Овој пат не е целосно реконструиран повеќе од 4 децении. Патот е во должина од 15 километри.