Се интензивираат работите на патот до Крушевско Езеро, нова голема акција за чистење
И овој викенд општина Крушево е на терен каде што се интензивираат работите за асфалтирање на патот до Крушевско Езеро и се спроведува акција за чистење.
Втор викенд по ред ЈП „Комуна“ ги интензивира активностите околу јавната чистота со цел почиста средина за граѓаните и резултатите се видливи.
Асфалтирањето на патот започна во 2019 година, но заради временските услови по кратка пауза повторно се работи на овој проект. Општина Крушево напоменува дека активностите мора да продолжат и покрај кризата со коронавирусот, но со крајно почитување на мерките и препораките.
„Ги интензивираме работните активности и под општинско ниво. Денеска продолжија активностите и уредување пред асфалтирање на пристапниот пат од крајот на шеталиштето на „Гумење“ и до Крушевското езеро. Продолжуваме со неколку капитални проекти, а до крајот на годината најавуваме неколку суштински проекти за граѓаните. Во однос на активностите околу хигиената како и минатиот викенд ги активираме сите ресурси на Комуна за да исчистиме максимално и да обезбедиме високо ниво на чистота“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Во текот на вчерашниот ден се интензивираа и работите околу асфалтирањето на патот Крушево – Пуста Река, проект финансиран и имплементиран од Јавното претпријатие за државни патишта.