Дел од советниците донираа скафандери и маски за здравствениот дом Крушево
Претседателот на советот на општина Крушево Тома Петроски и советниците Евгенија Петроска, Евгенија Јуца, Перо Котески, Абуш Изеироски и Агапи Чункоска донираа заштитни одела и маски Н95 за здравствениот дом во Крушево.
Опремата денеска беше лично доставена од советниците Тома Петроски, Перо Котески, Евгенија Петроска и Агапи Чункоска, а претседателот на Советот рече дека ова е мала помош за здравствените работници од Крушево, но позитивно е што Крушево се обединува во борбата со коронавирусот.
„Ние сме тука во служба на граѓаните и институциите и затоа мора сите ресурси и работа да ги насочиме кон справување со кризата. Дониравме заштитна опрема за здравствениот дом и изразивме голема поддршка за нивната херојска работа во моментов. Сите граѓани кои имаат потреба ги повикувам да се обратат до Советот преку кој би се обезбедиле средства за неопходните потреби и решавање на проблемите на граѓаните во ова тешко време. Ги повикувам сограѓаните, исто така, да ги почитуваат мерките и препоракит затоа што се работи за нашето здравје.“, изјави Петроски.
Претходно, советничката Александра Мијајлеска Стефановска донираше заштитни одела и друга опрема на здравствениот дом Крушево.