Спортската сала ќе добие систем за загревање
Спортската сала во Крушево ќе добие современо, економично и загревање кое нема да биде штетно по животната средина. Општина Крушево објави тендер за изработка на основен проект за загревање и ладење на салата со употреба на топлински пумпи.
Проектот ќе опфаќа модерни технологии кои загревањето ќе го направат економично и одржливо. Целосната изведба на системот ќе биде финансирана во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на вице премиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево.
Огласот за јавна набавка можете да го погледнете на линкот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices
Спортската сала е целосно реконструирана и по инсталирањето на системот за загревање и ладење ќе биде целосно оспособена за користење. Подолу можете да погледнете фотографија од состојбата на салата пред и по реконструкцијата.