Градоначалникот во посета на градинката и Центарот за деца со посебни потреби
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес присуствуваше на предновогодишната приредба во детската градинка „Гонча Туфа“ и додели пакетчиња на децата и младите од Дневниот центар за деца и младинци со посебни птореби.
Градоначалникот ги честита Новогодишните и Божиќните празници на присутните, а од децата и млади кои престојуваат во Дневниот центар доби Новогодишна честитка.
Пактечињата кои беа подарени се набавени од страна на Здружение – Визија на подобрување на животот на лицата со посебни потреби АУТИЗАМ ААМК Скопје, додека еден соковник донираше локалната компанија „Ре-Ле Брокер“.