Стихотворба и честитки за градоначалникот за Нова година
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски покрај посетата на градинката и Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во својот кабинет имаше уште две активности со учениците од ООУ „Никола Карев“ во рамки на наставната програма на ученици.
Најпрво, ученици од 5-то одделение подготвија стихотворба и ја презентираа во градоначалничкиот кабинет.
Потоа, учениците од 4б одделение донесоа честитки кои самостојно ги изработиле и истите ги продаваат за да реализираат свои активности. Оваа активност е дел од програмата Еразмус +.
Покрај градоначалникот Христоски оваа активност ја поддржаа дел од советниците, дел од вработените во локалната самоуправа и вработени во подрачните единици на државните институции.