Општина Крушево изработи промотивно видео
Општина Крушево го изработи промотивното видео и истото е достапно на це де и во електронска форма. Изработката на видеото е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.
Промотивното видео ги содржи главните атракции и локалитети во Крушево кои се опишани на англиски и на македонски јазик. Општина Крушево обезбеди 200 копии, по 100 на двата јазици, а видеото за скоро ќе биде достапно на „Јутјуб“ каналот на градоначалникот на општина Крушево.
Во рамки на истиот проект општината изработи промотивни брошури, а во тек е изработка на интернет страница и апликација.