Акција за пошумување околу манастирот Св. Преображение
Во четврток, 21.11.2019, со почеток во 11 часот на опожарениот дел околу манастирот Св. Преображение ќе се спроведе акција за пошумување во организација на општина Крушево, компанијата СЕКЕ, подружницата на Национални шуми „Липа“, ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“.
За учениците и за граѓаните кои немаат сопствени возила општината ќе обезбеди превоз во 10 и 45 часот пред Градската кафеана.
Пределот околу манастирот беше зафатен со последните пожари кои се случија во околните шуми и голем дел од нискостеблести дрвја, како и дабова шума беа оштетени.