Објавен тендерот за изградба на резервоар за вода во с. Белушино
Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за изградба на резервоар за питка вода во с. Белушино со што започнува реализацијата на уште еден проект во населените места
Огласот за јавна набавка е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки и истиот можете да го погледнете на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwAR2ebtT-6ugBMHAo0xFvr-xtJCK74JtXYxUzX4WtPCCtjtR7Yn0SDyd9U5A#/dossie/191d2fca-ab10-41c0-b134-37e86e49eb43/14
Во населените места во општина Крушево во тек се неколку проекти:
- Асфалтирање на пат од с. Борино до Житоше
- Изградба на фекална канализација во с. Норово
- Асфалтирање на пат до с. Саждево
- Доградба на цевковод во с. Саждево
- Реконструкција на пат од с. Бучин до с Воѓани (општина Кривогаштани)
- Изработка на проекти за изградба на канализации во населените места Алданци, Саждево, Јакреново, Пресил, Борино, Св. Митрани и Врбоец.