Започнува изградбата на цевковод во с. Саждево
Претставници од Министерство за транспорт и врски, општина Крушево и ЈКП „Комуна“ денес извршија вовед во работа на изведувачот и надзорот за проектот за доградба на цевковод во с. Саждево. Со ова започнува реализацијата на уште еден проект заедно со изградба на фекална каналзиација прва фаза во с. Норово и асфалтирање на пат до с Саждево чиј почеток беше означен минатата недела.
Целосната сума за овој проект изнесува 2 653 498 денари, а целосната вредност на проектите кои се во тек изнесува 874,203.42 евра.
Проектите кои во моментов се реализираат на територија на општина Крушево се следните:
✅ Изградба на вечно почивалиште на Тоше Проески
✅ Асфалтирање на пат кон Крушевско езеро
✅ Изградба на канализација, прва фаза, во с. Норово
✅ Асфалтирање на 2,5 километри пат до с. Саждево
✅ Изградба на цевковод во с. Саждево
✅ Асфалтирање на пат с. Борино – Житоше (општина Долнени)