Јавна трибина: „Каков ќе биде буџетот на општина Крушево за 2020?“
На 27 ноември со почеток во 18 часот во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ општина Крушево со здруженијата Finance Think и Инијативен глас ќе организираат јавна трибина на тема „Каков ќе биде буџетот на општина Крушево за 2020?“.
На оваа јавна трибина ќе присуствуваат претставници од погоре наведените здруженија, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, претседателот на советот Тома Петроски и сите советници и граѓаните ќе имаат прилика да разговараат за тековни работи во однос на менаџирањето на јавните пари и да дадат предлози за буџетот за 2020 година кој е во изработка.
На настанот се поканети сите граѓани на општина Крушево, претставници од здруженија, бизнис сектор и други, а трибината е во рамки на проектот „Мои пари, моја одговорност: партиципативно буџетирање на општините“.
Линк до настан на „Фејсбук“: https://www.facebook.com/events/395440218003609/