Неделен информатор – 11.11 – 17.11.2019

Во периодот од 11.11.2019 до 17.11.2019 општина Крушево и градоначалникот Томе Христоски ги спроведоа следниве активности.

11.11.2019

  1. Се работи на реконструкција на патот од с. Бучин, општина Крушево до с. Воѓани, општина Кривогаштани. Градоначалникот на општина Крушево на терен, на увид во работите.

12.11.2019

  1. Означен е почетокот на два големи проекти: изградба на фекална каналзиација прва фаза во с. Норово и асфалтирање на пат до с. Саждево. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски најавува дека се очекува почеток и на изградбата на цевковод во Саждево.

13.11.2019

  1. Општината објаува кратко видео по повод двегодишниот отчет. Видеото е достапно на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=awaKa7xtUYI

14.11.2019

  1. Се одржа јавна дискусија за Планот за управување со животна средина при реконструкција на патот од бензиската пумпа во Крушево до Мечкин Камен. Дискусијата ја водеа претставници од Министерство за транспорт и врски и Светска Банка.
  2. Општина Крушево најавува изработка на проекти за канализации во повеќе населени места. Во изработка е проектна документација за изградба на канализација во с. Алданци, а дополнително ќе се изработуваат за населените места Борино, Јакреново, Саждево, Пресил, Врбоец и Св. Митрани.

15.11.2019

  1. Село Алданци добива игралиште и детски парк кој е сместен во дворот на подрачното училиште ОУ „Никола Карев“. Овој проект е имплементиран од општина Крушево во соработка со МЦМС.

16.11.2019

  1. Претставници од здружението „Macedonia Welcome Center“, амбасадори и други гости се во посета на Крушево и преку прошетки, возење велосипед, дегустација на храна го исполнуваат својот престој во градот.