Се чистат канали во Јакреново, подготовка за асфалтирање на пат
Денес, 01.10.2019, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски беше на увид во чистењето на каналите и подготовките за асфалтирање на патот до с. Јакреново, проект преку Министерството за локална самоуправа.
„Граѓаните во неколку наврати по одобрувањето на проектот за асфалтирање на пат до с. Јакреново ме известуваа дека патот во еден дел се поплавува, по што пристапивме да го решиме тој проблем пред да се асфалтира патот. Денес се чистеа канали и го решаваме проблемот со поплавување за да обезбедиме долгорочно квалитетно решение за граѓаните и за ова населено место.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
По завршувањето на овој зафат прододолжува постапката за асфалтирање на овој дел за кој се обезбедени над 2 милиони денари, а во месец октомври ќе се реализираат неколку капитални проекти:
Изградба на достоен вечен дом на Тоше Проески
Асфалтирање на пат кон Крушевско езеро
Изградба на канализација, прва фаза, во с. Норово
Асфалтирање на 2,3 километри пат до с. Саждево
Реконструкција на пат с. Борино – Житоше (општина Долнени)