Во октомври градежна офанзива на територија на општина Крушево
Во месец октомври општина Крушево ја очекува градежна офанзива која ќе опфати неколку клучни проекти за граѓаните и самата општина.
Во октомври со работа на терен ќе отпочнат следниве проекти:
- Изградба на достоен вечен дом на Тоше Проески
Тендерската постапка и изборот на изведувач се во завршна фаза и се очекува за скоро потпишување на договор и отпочнување со работа.
2. Асфалтирање на пат кон Крушевско езеро
Овој проект веќе е на актуелен на терен и се работи на целосно уредување на просторот околу спортскиот комплекс на „Гумење“ и викенд зоната на Крушевско езеро.
3. Изградба на канализација, прва фаза, во с. Норово
И за овој проект тендерската постапка завршува и во октормври се очекува почеток со работа на терен.
4. Асфалтирање на 2,3 километри пат до с. Саждево
5. Реконструкција на пат с. Борино – Житоше (општина Долнени)