Промоција за Крушево во Минхен, Германија
16-тото Светско првенство донесе промоција на Крушево низ целиот свет, напиша вчера (01.10.2019) градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на социјалната мрежа „Фесјбук“. Во истата објава градоначалникот Христоски објави и фотографија од метро во Минхен, Германија, на која стои реклама за 16-тото Светско првенство во параглајдерство кое се одржа од 5-ти до 18-ти август во Крушево.
„ Оваа фотографија од Минхен, Германија, покажува дека 16th FAI Paragliding World Championship 2019 го промовира Крушево низ целиот свет. Професионалната организација, гостопримството и нашето заедничко вложување го прават Крушево подобро во светски рамки.“, напиша градоначалникот на општина Крушево.