Соопштение за заловување на кучиња скитници

Почитувани,

Општина Крушево по претходно спроведена јавна набавка ангажира правен субјект – претпријатие – кое ќе работи на заловување и хуман третман на кучињата скитници со цел обезбедување на животната средина за граѓаните и за сите посетители.

За безбедно да се спроведуваа оваа активност и да се заштитат кучињата кои имаат сопственици општина Крушево апелира сопствениците да се погрижат за своите кучиња и нивните миленици да бидат под постојан надзор. Во спротивно трошоците за третманот на заловените кучиња ќе падне на товар на сопственикот.

Со почит
Општина Крушево,
26.09.2019