Објавен тендер за изградба на резервоар за вода во Белушино
Министерството за транспорт и врски го распиша тендерот за изградба на резервоар за вода за пиење во населеното место Белушино.
За изградба на резервоарот обезбедени се 2 895 122,56 кои општината ги доби преку апликација за финансирање на проект „Изградба на резервоар за вода од 100 метри кубни во село Белушино, општина Крушево“ до Министерството за транспорт и врски.
Огласот за јавна набавка можете да го погледнете на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/a1cb223e-433e-457c-ab39-0ee10d452b92/14