Се одржа дискусијата „Унапредување на демократското управување преку граѓанско учество на граѓаните на општина Крушево“
Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и општина Крушево денес одржаа дискусија на тема „ Унапредување на демократското управување преку граѓанско учество на граѓаните на општина Крушево“.
На дискусијата од страна на претставници на ОБСЕ беше претставен модел за поголемо вклучување на граѓаните и беа договорени неколку идни средби со цел да се креираат документи за зголемување на учеството.
Присутните граѓани, претставници од здруженија, правни субјекти и инсититуции имаа прилика да споделат искуства и да дадат предлози за зголемување на граѓанското учество.