Привлечна програма на „Десет дена Крушевска Република“
Досегашната објавена програма за Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ е следната:
01.08.2019 Отворање на Манифестацијата со Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ и култниот албум „Крушево“
03-04.08.2019 Традиционални денови посветени на унгарска и влашката култура со целодневни активности.
05.08.2019 Концерт на Влатко Груевски – тенор
07.08.2019 Театарска претстава „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“, хит комедија од театар Провокација
09.08.2019 Настап на групата Шербет и познат македонски ди џеј со меѓународна кариера.
Од Манифестацијата најавуваат дека во периодот што следи ќе биде објавена целосната програма и дека истата ќе предизвика позитивни реакции од посетителите на Крушево и поддржувачите на „Десет дена Крушевска Република“.