Ден 5 од Пролетниот параглајдинг куп Крушево 2019
Се одржа 5-от ден од Пролетниот параглајдинг куп Крушево 2019, но овој пат на јужното полетувалиштето заради неповолните временски услови на стандардното полетувалиште на Мечкин Камен.
Од натпреварот преостануваат уште два дена, а истиот ќе заврши со доделување на три награди во 3 категории: мажи, жени и спорт.
„Пролетен меѓународен параглајдинг куп Крушево 2019“ е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од Европска Унија, имплементиран од Кабинетот на заменик министерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија, канцеларијата на Проектот и општина Крушево, а Светска Банка се јавува како администратор на проектот.