Во понеделник дебата на тема: „Јас и буџетот на општина Крушево“
Во понеделник, 03.06.2019, во дом на култура „Наум Наумовски Борче“ со почеток во 11:00ч. ќе се одржи дискусија на тема „Јас и буџетот на општина Крушево: Направете вашиот глас да се слушне“.
На дебатата ќе се обратат градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, претседавачот со Советот на општина Крушево Тома Петроски, кој ќе зборува за тоа колку и како граѓаните се вклучуваат во процесот на креирањето на буџетот и менаџирањето со нивните пари, и претставници од невладината организација „Фајненс Тинк“ (Finance Think).
На оваа дискусија се поканети сите граѓаните на општина Крушево и секој од присутните ќе може да земе збор и да разговара на темата.
Линк до настан на „Фејсбук“: https://www.facebook.com/events/910628599278091/