Прв национален рурален парламент во Крушево
Првиот национален рурален парламент во државата ќе се одржи во Крушево, хотел Монтана Палас, од 12-ти до 14-ти јуни 2019 година.
Според организаторите „ целта на овој настан е да се создаде национална платформа на рурални граѓански организации, ЛАГ-ови и здруженија за земјоделство и рурален развој, која ќе воспостави комуникација со локалните и националните власти во заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој…“.
Дел од Парламентот ќе биде и општина Крушево претставувана од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на една од дебатите на која ќе се разговара за руралниот развој во Крушево.
Повеќе за настанот и пријавување за учество на линкот подолу
https://www.facebook.com/events/283317139103549/