Се одржаа 25-ти Регионални пензионерски спортски игри во Крушево
На 26 мај (недела) во Крушево се одржаа 25-тите Регионални пензионерски спортски игри со учесници од целиот Пелагониски регион во повеќе спортови.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се обрати на отворањето на настанот пред хотел Монтана Палас од каде што порача дека во Крушево се организираат настани кои адресираат и помлада и повозрасна публика.
„Крушево уште еднаш е местото каде што се одржуваат настани кои ја адресираат и помладата и повозрасната публиката и со тоа Општина Крушево има една целосна понуда за сите возрасти на посетители и тоа е една од причините што бројот на туристи во Крушево постојано се зголемува. Драго ми е што ве гледам тука затоа што во вас гледам енергија која движи напред. Со практикувањето на спортот вие давате пример за помладите, за наши и ваши деца и внуци.“, рече градоначалникот Христоски пред присутните.
На отворањето се обратија претставници од Здружението на пензионери на Крушево како и од останатите здруженија учесници.
Натпреварите се одвиваа на две локации – во хотел Монтана Палас се играше домино, шах, пикадо и на спортскиот комплекс „Гумење“ – стрелаштво, трчање, фрлање ѓуле, скок од место, шутирање пенали, влечење на јаже и др.