Обука за градење на капацитетите на спасувачката служба и подобро обезбедување на настаните

Во рамки на Проект за локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ на 25-ти и 26-ти мај 2019 во Крушево се одржа обука за напредна прва помош со што се исполни една од целите на проектот а тоа е градење на капацитетите на спасувачката служба на параглајдинг натпреварите.

На обуката учествуваа и се лиценцираа 13 луѓе, а обуката беше спроведена од организацијата Црвен Крст.

Оваа обука е дел од Проект за локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка, а имплементиран од Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашање во владата на Република Северна Македонија, канцеларијата на Проектот во Скопје и општина Крушево.