Повик за бесплатна „Напредна обука за прва помош“
Почитувани,
Во рамки на пот-проект: Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево, општина Крушево објавува повик за пријавување на кандидати за учество во напредна обука за прва помош.
Обуката ќе биде бесплатна и ќе се изврши на најмногу 15 лица, а изборот ќе го врши Комисија од Општина Крушево.
За обуката можат да се пријават сите граѓани на општина Крушево и до општина Крушево треба да достават пријава, која е дадена подолу, кратка биографија и мотивационо писмо. Документите да се доставуваат по електронски пат, на општинската електронска пошта opstinakrusevo@krusevo.gov.mk.
Индикативна дата за спроведување на обуката: 25 и 26 мај 2019 година.
Кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добија ссодветен сертификат издаден од Црвен крст на Република Северна Македонија.