Работна средба на градоначалникот Христоски со Амбасадорот на Чешка
Денес, 14.05.2019г., градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа состанок со Амбасадорот на Република Чешка во Северна Македонија Н.Е. господин Мирослав Томан.
На средбата се разговараше за можностите за финансирање на инфраструктурни проекти кои Чешката амбасада ги нуди, но и соработка во областа на културата меѓу општина Крушево и Амбасадата во иднина.
„Амбасадата на Чешка Република нуди неколку можности кои како општина можеме да ги искористиме. Имаме изработено околу 30 проекти и се надеваме дека некој од нив ќе се најде на приоритетната листа на финансирање на Амбасадата. Но, со Амбасадорот Томан се знаеме од порано, односно од бизнис форумот во организација на Чешката амбасада каде што ги воспоставивме првите контакти и се надеваме дека и од тој настан ќе произлезат позитивни нешта за приватниот сектор во Крушево“, изјави градоначалникот Томе Христоски по средбата.