Здравствен дом Крушево доби нови амбулантно возило
Здравствениот дом во Крушево доби ново амбулатно возило за итна медицинска помош од Министерството за здравство кое ќе ги задоволи зголемените потреби на итната помош.
Директорката на здравствениот дом Зорица Манчевска Трајчулеска изрази голема благодарност до министерот за здравство Венко Филипче за ова возило кое е прво ново возило по седум години.
„Сакам да се заблагодарам на Министерот за здравство Венко Филипче и на сите сектори во Министерството кои овозможија целата постапка да се процесуира. Здравствениот дом имаше голема потреба од ова возило со оглед на повозрасната популација која живее на територија на општина Крушево, но и заради големиот број на настани, особено високо адреналинските како натпревари во параглајдинг и змајарство, велосипедски и планински тури, кои во текот на цела година се одржуваат во Крушево“, изјави директорката Манчевска Трајчулеска.
Новото амбулантно возило за итна медицинска помош е марка „Рено Мастер“ и во текот на вчерашниот ден пристигна во Крушево.