Соопштение на „Комуна“: Да не се фрла градежен отпад во контејнерите, во недела да се избегнува фрлање на ѓубре

Јавното претпријатие „Комуна“ ги известува граѓаните на општина Крушево да не се фрла градежен отпад  затоа што со тоа се оштетува возилото за собирање на отпадот и во недела и празнични денови да се избегнува фрлње ѓубре во контејнерите со оглед на тоа дека овие денови се неработни за „Комуна“, а со цел да се избегне преполнување на контејнерите.

Во продолжение соопштението на ЈП „Комуна“ Крушево.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Им се соопштува на граѓаните на Општина Крушево дека треба да се придржуваат до неколку правила кои ќе допринесат за почист град.

1. Градежниот шут, земја, камења и пилевина доколку е во мала количина уредно да биде спакуван во вреќа најмногу до 20кг. и одложен покрај контејнерот.

–         Во никој случај да не се фрла земја,камења,пилевина и градежен шут во контејнерите затоа што се оштетува специјалното возило за собирање на смет.

–         Граѓаните кои нема да се придржуваат до ова и бидат затекнати на лице место како вршат неправилно одлагање на сметот ќе бидат казнети согласно законот за управување со отпад.

2. Гранките и тревата да се одлагаат покрај контејнер и за нивното одлагање да се известува Ј.П. Комуна- Крушево за да се организира нивно навремено подигање.

3. Во недела и празник да се избегнува фрлање на ѓубре и да не се одлага и друг отпад во контејнерите затоа што истите се преполнуваат а тие денови  се неработни за Ј.П. Комуна.

4.Во зимскиот период да се внимава да не се фрла неизгаснат пепел поточно жар во контејнерите (пепелот да се исфрла отстоен еден ден).

Граганите кои нема да го почитуваат ова и бидат затекнати на лице место можат да бидат казнети.

 

16.11.2018г.

Ј.П.комуна-Крушево