Регионален противпожарен квиз натпревар во Крушево
Денес (15.11.2018) во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ се одржува Регионален противпожарен квиз натпревар на кој учество зедоа општински противпожарни сојузи од повеќе градови од државата, а пред почетокот на натпреварот се обрати и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
„Во свое лично име и во име на општина Крушево сакам да ви посакам добредојде во нашиот град и да го изразам задоволството што ваков едукативен настан се одржува во нашата општина. На нашите деца им е потребна едукација од ваков тип и мора да ги научиме како да бидат одговорни и свесни за околината. Драго ми е што овој регионален противпожарен натпревар ја има токму таа цел – да ги едуцира децата преку меѓусебна комуникација и дружење.“ порача градоначалникот Христоски.
На натпреварот се обрати и претседателот на општинскиот противпожарен сојуз Крушево Живко Ѕвездакоски кој го прогласи натпреварот за отворен.
Натпреварот беше зачинет и со музички и ритмички точки на учениците од ООУ „Никола Карев“ Крушево.