Јавен повик за избор на 12 членови на работна група за изработка на нацрт текст на локална младинска стратегија

Во рамките на проектот „Креирање Локална младинска стратегија во Општина Крушево“, Локална самоуправа при Оштина Крушево и Младински Совет Прилеп имаат потреба од регрутирање на членови за работна група при креирање Локална младинска стратегија во Општина Крушево. За таа цел, Младински Совет Прилеп објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ИЗБОР НА 12 ЧЛЕНОВИ НА РАБОТНА ГРУПА

 

Опис на активностите на членовите:

Работната група, составена од претставници на локалната самоуправа и подрачните министерства, претставници на граѓанскиот сектор, ученици и студенти, ќе биде одговорна за директно обезбедување логистичка поддршка при спроведување на 8 работни средби на кои ќе се изработува нацрт текстот на Локалната младинска стратегија во Општина Крушево, врз основа на подготвената анализа на потреби на младите од Општина Крушево. Исто така, работната група ќе подготви и едногодишен акционен план во кој што ќе бидат вклучени приоритетните области и проблеми за кои потребно е да се превземат активности.

Очекувани резултати од работата на работната група:

–       Учество и придонес на 8 работни средби за изработка на нацрт текст „Локална младинска стратегија во Општина Крушево“

–       Учество и придонес на 1 работна средба за изработка на едногодишен акционен план

–       Учество и придонес на 1 работна средба за ревидирање на нацрт текст при креирање на ЛМС по однос на доставени предлози и коментари за надополнување.

Основни критериуми за селекција:

–       Заснован работен однос во подрачно министерство во Општина Крушево

–       Член на Општински совет на Општина Крушево

–       Претставник на граѓанска организација

–       Ученик од средно образование

–       Студент

 

Период на спроведување

Учеството во работната група е во времетраење од 10 непоследователни работни денови, во период од 20 Август 2018 година – 15 Септември 2018 година

 

За учество на овој јавен повик, можете да се пријавите со испраќање пополнета Апликација за учество(прикачена подолу во оваа објава).

Апликацијата се доставува во електронска форма.

Адреса: contact@ycp.org.mk
Предмет на електронска достава: „Апликација за учество во работна група – Име и Презиме“

Краен рок за доставување на апликациите е 17.08.2018, најдоцна до 16:00 ч.

 

Апликациите што ќе пристигнат по изминување на наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

 

За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: contact@ycp.org.mk

Aplikacija za javen povik – clen na rabotna grupaV2

 

Младински Совет Прилеп го имплементира проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево“ во рамките на „Граѓанските организации во служба на локална стратегија“, проект, чија што цел е да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво. Проектот е спроведен од Европската Асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија  со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.