Ќе се гради резервоар за питка вода во Борино, објавен тендер
Министерството за транспорт и врски објави Оглас за доделување на јавна набавка за изградба на резервоар за питка вода во населено место Борино, општина Крушево.
Овој резервоар е од исклучителна важност за жителите на ова село и општината истиот ќе го изгради во соработка со Министерството за транспорт и врски.
Тендерот можете да го погледнете на следниот линк.