ФОТО Литературни читања „Убавиот збор“
На 29-ти јули (недела), како дел од настанот „Крушево – град на култура, историја и традиција“, се одржаа литературните читања „Убавиот збор“ на кои неколку крушевски писатели се претставија со дел од нивниот писателски опус.
Дел од овој настан беа Крсто и Кочо Топузовски, Теано Кардула, која зборуваше за книгата создадена со изрази од нејзината аутистична сестра, потоа Калиопи Наумоска авторка на љубовни стихови и професорот од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Владимир Мартиновски кој е чест гостин во Крушево.
Настанот се одржа во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а читањата завршија со така наречени уникатни крушевски „мајтапи“ запишани од Крсто Топузоски.