Синтезис и „Сомнително лице“ на 5-от ден од „Крушево – град на култура, историја и традиција
Во рамки на 5-от ден од настанот „Крушево – град на култура, историја и традиција“ на градскиот плоштад настапуваше групата Синтезис, а драмското студио при домот на култура „Илинден“ од Демир Хисар ја одигра претставата „Сомнително лице“.
На настанот присуствуваше и госпоѓата Луиза Винтон Постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија и Постојана претставничка на Програмата за развој УНДП.
„Крушево – град на култура, историја и традиција“ завршува денеска со пречек на коњаницата во 18 часот во центарот на градот и концерт на градскиот плоштад во организација на црквата Успение Пресвета Погородица.