„Џифони патува во Крушево“ – едукација и дружење за младите
На денешниот втор ден од фестивалот „Џифони патува во Крушево“ присуствуваше и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој го изрази своето задоволство од организацијата на овој настан во Крушево и тоа што вклучува млади.
На учесниците им порача да ги користат ваквите настани за да научат нешто, да се дружат и постојано да се вклучуваат во вакви и слични настани.
„Ви посакувам да се дружите и да научите нешто повеќе, а на организаторите сакам да им порачам повторно да дојдат во Крушево и да организираме уште еден ваков настан.“, порача градоначалникот Христоски во своето обраќање пред учениците од основното и средното училиште од Крушево.
Настанот се одржува во домот на култура „Наум Наумовски Борче“, а дел од „Џифони патува во Крушево„ се гледање филмови, дикусија, работа во креативни работилници за актерство, музика, пишување и слично. Овој настан за прв пат се одржува во Крушево и истиот е поддржан од општина Крушево и СОУ „Наум Наумовски Борче“